Во Собранието денеска седница ќе одржат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија и Комисијата за финансирање и буџет.
Членови на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Прво читање, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, Предлог на одлуката за давање согласност на Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, Предлог на одлуката за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, Предлог на одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2023 година, Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија за 2023 година, Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година ревидирани од овластен ревизор, Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2023 година и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, Предлог на законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, сите три во второ читање, Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2023 година, Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2023 година, Извештајот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, Предлог на одлуката за одобрување на Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2023 година и Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2023 година.
Пред членовите на Законодавно правната комисија се три точки на дневен ред – Предлог на законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, Предлог на законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, сите три во второ читање.