asd
ПочетнаМагазинХранаПАЛАЧИНКИ ТОРТА

ПАЛАЧИНКИ ТОРТА

Состојки:
Предходно се подготвуваат околу 25 палачинки
Состојки за крем:
-300 мл млеко
-3 жолчки
5 лажици шеќер
-3 лажици брашно
-100 г путер
-арома ванила
-500 мл слатка павлака
Подготовка:
Со миксер се матат жолчките, брашното, шеќерот и арома од ванила.
Млекото се става да се вари, пред да зоврие се ставаат изматените жолчки, брашно, шеќер и арома од ванила. Сварениот крем се трга од оган додека е топол се става путерот се меша додека да се растопи. Вака подготвениот крем се промешува од време на време за да не фати кора. Во друг сад на страна се мати слатката павлака во неа постепено се додава од оладениот крем, се мати
додека не се изедначи. На чинија за сервирање се реди една палачинка се става од кремот и се размачкува по цела површина врз кремот се става втора палачинка, повторно крем се така додека не се
потрошат палачинките и кремот.
Се декорира по желба.
Пред дегустација тортата од палачинки се остава во фрижидер 2 до 3 часа.
Пријатно јадење!

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ