На 14.09.2020 во СВР Тетово полициски службеници од Полициска станица Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(19), Ј.М.(18) и Д.А.(19), сите од тетовско Теарце, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, околу 16:30 часот во автопералница во ова село, во која работел, бил физички нападнат од три лица, кои нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле тврди предмети и на малолетникот му нанеле тешки телесни повреди.
Тројцата напаѓачи биле задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.