Мајките чие породилно отсуство беше продолжено поради Ковид 19, а од наредната среда треба да почнат со работа во четврток ќе протестираат пред владата .
По вчерашната одлука на Владата родителите на деца до шест годишна возраст да почнат на работа од наредната среда 23 септември. Протестот ќе се одржи од 17.30 до 19 часот.
И во градинките денеска почнале да се запишуваат децата над девет месечна возраст во јасли. Дел од градинките велат дека имаат места во јасли, но има и деца кои се запишани и не доаѓаат.
На протестот ќе се вклучат и родителите кои користеа мерки за деца до 10 години кои се надевале на продолжување на мерката да останат дома, заради скратеното време на децата во училиште и помошта за оние кои ќе следат настава онлајн.
Владата реши родителите чии деца се до шестгодишна возраст почнувајќи од 23 септември да се вратат на своите работни места редовно извршувајќи ги работните задачи, со аргумент дека градинките се отворени и почнаа со работа. Со работа стартуваат и хронично болните пациенти кои нема да обезбедат потврда од лекар дека болеста им се влошила ќе мора да се вратат на работа.