Управата на Реал Мадрид, сака во најскор можен рок да постигне согласност со агентот на Рафаел Варан за продолжување на договорот.
Варан има договор со „Кралевите“ до јуни 2022 година а воедно е и трансфер цел на повеќе тимови од Европа.
Францускиот дефанзивец десет години е во Мадрид по трансферот од Ленс, а заедно со Рамос се незаменливи во првата постава на Зидан.
Што се однесува до Рамос, преговорите со него се оставени за следниот месец, иако медиумите од Шпанија уверуваат дека искусниот стопер ќе остане во Реал