asd
ПочетнаВестиЛетното сметање на времето ќе смени само два до три проценти од...

Летното сметање на времето ќе смени само два до три проценти од сликата од состојбата, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека вчерашниот владин предлог за продолжување на летното сметање на времето, ќе смени повеќе од два до три проценти од вкупната слика од состојбата во државата.

Мицкоски побара од Владата да го прифатат нивниот пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните, што го презентираше тој денеска на прес-конференција.

– Не мислам дека ќе смени повеќе од два до три проценти од вкупната слика. Тоа не е доволно, доволно е ова што го зборувам. Ова нека го прифатат, нека аплицираат, нека го стават на хартија, нека пресметаат и нека им помогнат на компаниите. Тие ќе бидат благодарни. Плус втората мерка, а тоа е мерката да субвенционираме како држава половина од разликата на цената која што ја плаќаат компаниите за мегават час над регулирањето. Ако крахира економијата ќе нема пари во Буџетот, ќе нема ни за образование, ќе нема ни за здравство, ни за земјоделците, ќе нема за никого. Затоа е многу важно да го одржиме бизнисот здрав. Многу е важно компаниите да ги одржиме во кондиција. Затоа ова го предлагам, рече Мицкоски.

Министерството за економија вчера доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуалното продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври со што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час назад.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ