asd
ПочетнаСпортФудбалМу нудат богатство на Икарди, но под еден услов – Ванда не...

Му нудат богатство на Икарди, но под еден услов – Ванда не смее да дојде со него во Саудиска Арабија

Лудото трошење на клубовите од Саудиска Арабија дефинитивно ќе продолжи во текот на летово, а меѓу играчите кои се наоѓаат на листата со желби е и Мауро Икарди, аргентинскиот голгетер кој сезонава го предводеше Галатасарај до шампионската титула во турското првенство.

По истекот на позајмицата тој се враќа назад во ПСЖ, а тимот на Ал Шабаб веќе почна преговори за да го убеди Икарди на преселба во Саудиска Арабија. Финансискиот аспект од понудата е фантастичен, Аргентинецот би потпишал четиригодишен договор за вкупно 80 милиони евра, плус дополнителни 20 милиони евра како отштета за ПСЖ експресно да даде зелено светло за реализација на овој трансфер.

Само што во понудата има еден услов – заедно со Икарди да не дојде и неговата сопруга Ванда Нара. Саудијците вообичаено им нудат максимална комоција на семејствата на фудбалските суперѕвезди, но тоа не е случај и со Ванда, која е позната по животните навики со кои не би се вклопила во животот на жените во оваа држава.

Икарди и Нара беа разделени неколку месеци, од неодамна тие повторно се заедно, па останува да се види дали ќе бидат подготвени на таква жртва, голгетерот да потпише четиригодишен договор и долго време да биде одвоен од сопругата од децата, кои би можел да ги гледа во Европа и во Аргентина, но не и во Саудиска Арабија.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ