asd
ПочетнаВестиФВМС со порака за уписите: Државата има потреба од доктори по ветеринарна...

ФВМС со порака за уписите: Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина

Државата има потреба од доктори по ветеринарна медицина (ФВМС), порачуваат од Факултетот за ветеринарна медицина каде започнува првиот уписен рок за упис на студенти.

Професијата доктор по ветеринарна медицина, како што велат од ФВМС, е престижна, регулирана и високо ценета професија во целиот свет, а државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги применат стекнатите знаења и вештини, преку отворање на свои приватни пракси (ветеринарни амбуланти/клиники), да работат во сите сектори на прехранбената индустрија, веледрогерии, државна администрација, Агенција за храна и ветеринарство, инспекција, млечна и месна индустрија, како и многу други можности, кои ги нуди оваа професија.

-Постојано ги следиме актуелните состојби кои се од интерес не само за ветеринарната медицина, туку и земјоделието, сточарството како и стопанството во целина. Исто така, Факултетот за ветеринарна медицина ги следи и најновите достигнувања во областа на дијагностиката, терапиите и научните истражувања, како во европски, така и во светски рамки. Факултетот за ветеринарна медицина и оваа година ги отвори вратите и за интернационалните студенти, што воедно е предизвик со кој ќе се заживее и програмата на интегрирани додипломски студии од прв и втор циклус на англиски јазик. Ги охрабруваме сите средношколци кои ја сакаат ветеринарната професија, да ни се придружат, бидејќи ФВМС го негува концептот Едно здравје (One health), што означува дека грижата треба да биде подеднакво насочена, како за животните, така и за луѓето и животната средина, посочуваат од Факултетот.

ветеринар

Оваа година отворени се 50 студентски места за студиската програма Ветеринарна медицина на македонски јазик, интегрирани студии од прв и втор циклус, со времетраење од 12 семестри, како и за студиската програма Ветеринарна медицина на англиски јазик со времетраење од 11 семестри, за која се отворени вкупно 15 места.

Наставната програма е дизајнирана согласно актуелните трендови за ветеринарната медицина во нашата земја, туку и пошироко во светски рамки. Сите предмети вклучени во оваа наставна програма се наведени во Директивата 2005/36 ЕУ, како и во листата на предмети кои секоја година се усвојуваат на годишното собрание на ЕАЕВЕ.

По завршување на студиите, веќе дипломираните студенти се стекнуваат со високообразовната квалификација Доктор по ветеринарна медицина.

-Факултетот во текот на студиумот, нуди и бројни програми за мобилност на студентите, кои се опфатени пред се, преку програмите на ERASMUS и CEEPUS, како и преку бројните договори за соработка со сите факултети од регионот и пошироко во ЕУ. Покрај тоа, студентите имаат можност да ја изведуваат својата клиничка практика во голем број ветеринарна амбуланти, болници, клиники, веледрогерии, фарми, претпријатија за производство на храна, со кои Факултетот има потпишано договори, со што им се овозможува на студентите дел од клиничката практика да ја изведуваат надвор од рамките на Факултетот, под менторство на лиценцираните колеги од праксата, велат од Факултетот.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е формиран во 1991 година и е полноправна членка на Европската асоцијација на високообразовни ветеринарни установи (EAEVE).

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ