ЕКСКЛУЗИВНО: Разоткриена МЕГА ШЕМА со лажни дијагнози – 50 лица под истрага, меѓу нив доктори, адвокати и членови на ПИОМ!

0
125

Во координирана и обемна акција на МВР, денес се вршат претреси на 21 локација низ Македонија – од Скопје, преку Тетово, до Велес. Центарот на вниманието: мрежа од преку 50 лица осомничени за долгогодишна злоупотреба на здравствениот и пензискиот систем преку лажни дијагнози за инвалидски пензии и надоместоци за туѓа нега. Меѓу нив – доктори, адвокати, управители, па дури и член на комисија во ПИОМ.

Во сите овие случаи беа опфатени лица кои со години биле недопрени од службите задолжени за спроведивање на законот, МВР преку БЈБ досега покажува робусна, разнолична и неселективна борба против сите кои секојдневно со незаконско работење допринесувале за континуирана девастација на институционалниот систем а директно или индиректно со своите постапки ја нарушиле или срушиле довербата на македонските граѓани во целиот систем на Македонската држава.

Полицијата поднесе кривични пријави против 49 лица, а 24 ќе бидат лишени од слобода. Министерството порачува – нема повеќе заштитени, законите важат за сите!

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име: