Во две различни акции на полицијата, вчера биле уапсени две момчиња во Гази Баба.
„Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Подоцна вечерта, во 01:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.02.2021 околу 21.30 часот, на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од СВР Скопје, при извршен преглед кај М.Ј.(26) од Скопје, биле пронајдени четири ножеви на расклопување. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.