ПочетнаВестиБез струја фирми во индустриската зона „Илинден“ и зграда во Мичурин

Без струја фирми во индустриската зона „Илинден“ и зграда во Мичурин

Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе фирми лоцирани во индустриската зона „Илинден“ во Општина Илинден, како и зграда на улицата „Фрањо Клуз“ во Општина Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на известување добиено од ЕВН.

Во соопштението се посочува дека во периодот од 08 до 11.30 часот без струја ќе бидат објектите на фирмите „Шенкер“, „Јуба“, „Бане Сомбор„, ПП „Лукс“, „Мерцедес Тим Сервис“, „Ин Тајм“, МК БПС, УПС „Македонија – Шпедитерска Служба“, „Бими Компани“, „Садион Група“ ДОО, „Јока“ ДООЕЛ, „Фреш Фарм“, „Солекс“, „Фабер“, ЛЕКС, „Еуролукс“ и „Лино“ лоцирани во индустриската зона „Илинден“.

Во периодот, пак, од 09.30 до 10.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Фрањо Клуз“ број 2 – влез 1 и влез 2.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ