ПочетнаВестиМакедонијаДенеска дожд и снег, се најавува снежна покривка и на пониските места

Денеска дожд и снег, се најавува снежна покривка и на пониските места

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови.

Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во четврток ќе настапи стабилизација на времето, но се уште ќе дува засилен северозападен ветер, особено претпладне и вдолж Повардарието, па преку денот ќе се задржи постудено. Потоа до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ