asd
ПочетнаВестиМНР со апел до македонските државјани во Израел да го следат Националниот...

МНР со апел до македонските државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви

Министерството за надворешни работи апелира до сите македонски државјани кои се во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви – Home Front Command специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението и да ги почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

-Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/273-732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 – се наведува во соопштението.

Во Тел Авив и централен Израел, утрово се огласија сирените за тревога, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан.

Според израелскиот весник „Хаарец“ ова е првпат главниот град на Израел, Тел Авив, да биде цел на ракетен напад од Хезболах, кој доаѓа во период кога израелската војска продолжува со воздушните напади врз, како што тврди, позиции на милитантната група во јужен Либан.

Израелската војска соопшти дека проектилот бил пресретнат и оти нема извештаи за предизвикани штети или жртви.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ