„Граѓаните тешко се справуваа и со замрзнатите цени, а наредниот период ќе биде уште полош за стандардот“, вели дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова во интервју за МРТ.
Оваа Влада работи недомаќински и лошо менаџира со буџетските пари, вели во интервју за Македонската Телевизија заменик министерката за финансии во техничката влада, Елена Петрова. Според неа, загрижува фактот што државава на големо се задолжува дома, но и на странскиот пазар, па затоа алармира дека можно е да се продлабочи буџетската дупка.
На прашањето дали има доволно пари за капитални инвестиции, како што се изградба на патишта, училишта, болници, Петрова кратко кажа „не“, оти парите морале да заминат за пополнување на други дупки кои власта, како што вели, свесно ги направила.
Со Елена Петрова, разговараше Борис Грујоски.