ПочетнаВестиПожарот кај Ѓавато пресечен на 150 метри од куќите, зафатена една стара...

Пожарот кај Ѓавато пресечен на 150 метри од куќите, зафатена една стара куќа

Со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, според досегашните информации на Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро.

Огнот засега има зафатено само една стара куќа на перферија од селото, а пожарникарите ја гасат.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ