ПочетнаВестиЗа неколку дена вонредна седница на руската Дума

За неколку дена вонредна седница на руската Дума

Долниот дом на рускиот Парламент ќе одржи вонредна седница на 15 јули, одлучи советот на Парламентот, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека се уште не почнал сериозно да се занимава со војната во Украина.

Путин пред три дена ја искористи средбата со парламентарните лидери за да ги предизвика САД и нивните сојузници да се обидат да ја поразат Русија во Украина.

Рускиот парламент, во кој доминира партија која секогаш го поддржува Путин, не откри за што ќе се разговара на вонредната седница.

Владимир Василјев, претседател на партијата Единствена Русија, која има 325 од вкупно 450 места во Парламентот, рече дека пратениците на седницата ќе разговараат за повеќе од 60 прашања.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ