ПочетнаВестиДосега вакцинирани околу 300 медицински лица во Македонија

Досега вакцинирани околу 300 медицински лица во Македонија

Со докторите и медицинските сестри од Инфективна вчера почна процесот на вакцинација во Македонија. Со оние нешто повеќе од 4.000 дози ќе се вакцинира само медицинскиот персонал. Вчера вакцина примила 202 доктори и медицински работници а утрово до 10:30 вакцинирани се уште 62.

Докторите и медицинските сестри кои вчера ја примија вакцината апелираа на масовна имунизација. И министерот Филипче потенцираше дека сите вакцини се безбедни и она што е најважно сите 100% штитат од тешка форма на болеста која може да предизвика смрт.

Во меѓувреме ги чекаме вакцините од Кина а вчера и Бугарија најави дека ќе ни ја достави најавената пратка. Вакцини треба да ни стигнат и од КОВАКС механизмот што според до сега пројавениот интерес за вакцинација веројатно и ќе ги задоволи потребите.

Според последните податоци на Министерството за здравство, до вчера за вакцинација се пријавиле нешто помалку од 80.000 граѓани при што близу 54.000 го користеле веб сајтот а останатите тоа го направиле преку своите матични лекари.

По неколкуте денови со низок процент на позитивни, вчера повторно дојдовме до речи си 15%. Дојагностицирани беа 347 случаи а 7 пациенти починале. Во моментов исполнетста на капацитетите на инфективните оддели низ земја е околу 60%.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ