ПочетнаВести109 позитивни од 1486 тестирања

109 позитивни од 1486 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.

Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6054, активни 755
• Куманово 1522, активни 277
• Дебар 259, активни 28
• Штип 1172, активни 111
• Прилеп 510, активни 143
• Тетово 1240, активни 121
• Струга 587, активни 59
• Велес 275, активни 27
• Битола 221, активни 43
• Охрид 354, активни 42
• Кавадарци 189, активни 51
• Гостивар 807, активни 146
• Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 75, активни 23
• Крива Паланка 54, активни 18
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 155, активни 28
• Пробиштип 86, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 3
• Македонски Брод 74, активни 7
• Пехчево 32, активни 25
• Берово 64, активни 51
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 31
• Делчево 82, активни 63 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 21, активни 5
• Свети Николе 298, активни 45
• Кичево 279, активни 42
• Ресен 147, активни 1
• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1486 теста се преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-14, Авицена-262, Биотек-219, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника-14, ГАК-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 88
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 110
• Карпош – 78
• Центар – 81
• Кисела Вода – 87
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 30
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ