asd
ПочетнаМагазинЉубовШто МОРАТЕ Да Го Прашате За Неговата Бивша, А Кои Прашања Никако...

Што МОРАТЕ Да Го Прашате За Неговата Бивша, А Кои Прашања Никако Не Смеете Да Ги Поставите?

Дали имате ново момче и сè изгледа совршено?

Но, претходната негова врска ви пречи, ама не сте сигурни што можете да го прашате, а што не.

Психолозите тврдат дека дефинитивно мора да му поставите неколку прашања во врска со неговата поранешна девојка, како и дека има забранети теми.

Секако, секоја приказна за бившите е многу чувствителна и добро размислете кога ќе започнете да зборувате за ова.

4 работи што МОРА да го прашате за неговата поранешна девојка:

Колку траела неговата претходна врска?
Сосема е логично што сакате да знаете колку траела претходната врска и колку беше сериозна. Исто така, ќе ви покаже колку вашето момче е подготвено да се посвети на сериозна врска со вас.

Кога заврши врската?
Ако таа врска била сериозна и завршила неодамна, можно е тој сè уште да не е подготвен за нова врска.
Зошто врската заврши?

Иако веројатно му е тешко да зборува за тоа, важно е да ја знаете причината поради која завршила неговата претходна врска. На пример, ако неговата поранешна девојка го изневерила, сакате да го убедите дека сте верни и доверливи.

Колку бил сексуално активен?
Веќе влегувате на пипав терен, затоа што сакате да знаете колку бил сексуално активен со бившата. Тоа е показател за неговото искуство во кревет, што може да го одреди понатамошниот тек на вашата врска.

3 работи што НЕ СМЕЕТЕ да го прашате за неговата поранешна:

Дали тој ја сакал?
Ова е непотребно прашање, кое може само да ги активира неговите болни сеќавања. Ако биле во долга врска, тој скоро сигурно ја сакал и секогаш имајте на ум дека неговата љубов кон бившата не влијае на неговата љубов кон вас.

Каков беше сексот?
Во никој случај не одете на ова прашање! Тој сигурно нема да се чувствува пријатно ако го прашате ова. На крајот на краиштата, некои работи треба да останат приватни. Исто така, дури и ако го добиете одговорот, она што двајцата сакаа да го прават во кревет, не значи дека тоа ќе ви одговара вам.
Дали сте подобра / поубава од неговиот поранешен партнер?

Не поставувајте прашања што се споредуваат со неговата поранешна – дали сте поубава или подобра од неа, дали сте подобра љубовница од неа… Наместо да се фокусирате на нова врска, секогаш ќе сакате да бидете подобри од претходникот и тоа е целосно погрешно.

Да не спомнуваме дека тој сигурно нема да биде воодушевен од ваквите проблеми.

На крајот, дали ќе му поставите на момчето некое од овие прашања, зависи од вас. Се разбира, можете исто така да ги прескокнете и целосно да се посветите на градење нова врска.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ