Веќе неколку дена беснее пожар во мариовско, а екипите кои се на терен се обидуваат да го изгаснат огнот.
Над 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар.
Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите.
-Во текот на вчерашниот ден, во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, ангажирани беа седумдесет припадници на Армијата за гасење на пожарите на неколку локации во атарите на селата Бонче, Пештани, Дуње и Клин во поширокиот реон на Мариовско, информираат од АРМ.
Во гаснењето се приклучи и хеликоптерот на МВР Ми-171 кој дејствуваше врз пожарот со фрлање на поголема количина на вода.