asd
ПочетнаМагазинЗабаваНемала секс со својот сопруг веќе 5 години, ова е бизарната причина

Немала секс со својот сопруг веќе 5 години, ова е бизарната причина

Го одбива секој нејзин обид за интимно зближување. Огорчена жена открила дека немала секс со својот сопруг веќе пет години, и дека судејќи според зборови на нејзиниот сопруг, токму таа е главен виновник за тоа.

Жената која сакала да остане анонимна му се доверила на онлајн сексолог, се со цел да добие совет во врска со својата ситуација. Бидејќи нејзиниот партнер го одбива секој нејзин допир, таа сериозно размислува за тоа да го остави.

„Мојот сопруг и јас сме заедно веќе 23 години, имаме две деца, но не сме имале секс веќе речиси пет години. Неговото објаснување е дека повеќе не го привлекувам, бидејќи сум подебела во однос на времето пред двете бремености. Исто така, се жали дека поради прекумерната тежина ‘рчам, што му пречи на неговиот сон, што исто така го излудува”, истакнала жената.

Иако таа повремено се обидувала да започне некој интимен контакт, нејзината втора половина редовно го одбивала тоа, пренесува Daily Star.

„Дури и кога сакам да го допрам за раката, тој се оттргнува. Кога ќе се обидам да го прегрнам, тој се поместува. Се чувствувам многу осамено. Ве молам, помогнете ми”, посочила несреќната жена.

Сексологот, Иси Мек Кими одговорила дека смета дека нејзиниот маж своето незадоволство го исфрла на неа и и препорачала заедно да посетат брачно советувалиште.

„Доколку тој не прифати ваков вид на помош, нема многу работи што можете да ги направите. Евидентно е дека не можете да останете во ваква ситуација и понатаму. Доколку би се помириле со сегашната состојба, тоа полека би ја уништила вашата самодоверба, но и вашата среќа”, објаснува таа.

ИЗВОРКурир.мк

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ