asd
ПочетнаВестиВо Велес пет нови случаи на Ковид-19

Во Велес пет нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано нови пет случаи на болни од Ковид-19. Според Институтот за јавно здравје, во Велес и велешко моментално се активни 38 пациенти.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, во изминатото деноноќие од Инфективното одделение при велешката Општа болница испишани како издравени со два негативни теста биле двајца пациенти.

Таа информира дека од петте новозаболени тројца се пациенти кои биле на оваа одделение и чекале резултати од тест.

– Моментално на Инфективното одделение на лекување се 11 пациенти, сите позитивни на Ковид-19, информира д-р Неделковска Николова.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ