Доналд Трамп сексуално ја нападнал колумнистката Е. Џин Керол во 1990-тите, а подоцна ја наклеветил нарекувајќи ја лажга, пресуди денеска порота на Менхетн.
Со ова на поранешниот американски претседател му е нанесен судски удар додека се бори повторно да влезе во Белата куќа, коментираат локалните медиуми.
Деветчлената порота во федералниот суд на Менхетен утврди дека Трамп мора да плати пет милиони долари отштета и казни.