asd
ПочетнаВестиАнкета за Локално: Перински пред Ѓорѓиевски во трката за Градоначалник на Скопје

Анкета за Локално: Перински пред Ѓорѓиевски во трката за Градоначалник на Скопје

Интернет порталот „Локално.Мк“, во перидот од 25.1 до 29.1.2025 година, по телефонски пат на примерок од 1.150 испитаници, спроведе истражување на јавното мислење за состојбите и предизвиците во градот Скопје и скопските општини.

Целта на ова истражување е да се откријат ставовите на жителите на град Скопје за
најгорливите проблеми, да се оцени работата на градоначалниците, како и да се добијат
индиции за преференциите на граѓаните за евентуалните кандидати за градоначалник.

Примерокот е репрезентативен според пол, возраст и географска распространетост
во рамките на границите на главниот град на државата.

При анализа на резултатите, препорачливо е да се земе предвид можната
статистичка грешка од ±3%.

Врз основа на резултатите од ова истражување на јавното мислење, може да се заклучи следното: * Загадувањето на воздухот и јавниот превоз се најгорливите теми за жителите на Скопје. Сообраќајните гужви и нечистотијата исто така добиваат високи проценти на незадоволство. * Актуелната градоначалничка Данела Арсовска има забележливо низок рејтинг – 77% ја оценуваат како „слаба“ или „многу слаба“, а 68% „воопшто немаат доверба“ дека таа ќе ги реши главните проблеми. * Од градоначалниците на скопските општини, Бобан Стефковски од Гази Баба има највисока средна оценка за својата работа (3.9. од 1 до 5), додека втор на листата е Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода (3.7. од 1 до 5). * Златко Перински е избор на 18% од испитаниците за следен градоначалник на Скопје, по што следуваат Коце Трајановски со 16.5%, Орце Ѓорѓиевски со 14% и Петре Шилегов 11.5%. Во горниот дел од табелата се и Висар Ганиу со 7%, Бобан Стефковски со 5% и Ѓорѓи Галетановски со 4.5%. Вкупно земено, резултатите од анкетата покажуваат дека испитаниците се крајно чувствителни на прашањата поврзани со квалитетот на воздухот, сообраќајот и хигиената. Актуелните градоначалници на скопските општини уживаат поддршка, но забележливо е незадоволството од начинот на раководењето со градот Скопје.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ