asd
ПочетнаВестиВо Македонија лани биле регистрирани 140.800 лица со дијабетес

Во Македонија лани биле регистрирани 140.800 лица со дијабетес

Податоците од најновото издание на Атласот со податоци за состојба со дијабетес во светот покажуваат дека во нашата држава, согласно податоците на преваленца за состојба на опфат на граѓани од 20 до 79-годишна возраст, констатирано е дека во 2024 година се 140.800 лица со дијабетес. Тоа е 7.4 проценти возрасна стандардизирана преваленца на дијабетес, подвлекуваат денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

– Новиот регистер на состојбата со лица со дијабетес во светот и Македонија укажува на стабилизирање на состојбата со раст на лица со дијабетес, со околу 7.500 лица новодијагностицирани годишно. Овие состојби укажуваат на посветеноста на пациентските здруженија во соработка со здравствените авторитети и партнерство со Националната комисија за дијабетес и ендокринолозите, дека има исчекор во стабилизирање на состојбите со дијабетес, но, предвидувањата за силен раст на бројот, адресира понатамошни акции за современи превентивни програми, акции за обезбедување иновативна инсулинска и анти-дијабетна терапија, едукација и квалитетен континуиран менаџмент на дијабетесот, посочуваат од здружението.

Во нашата држава, како што нагласуваат, согласно податоците на преваленца за состојба на опфат на граѓани од 20 до 79-годишна возраст, констатирано е дека во 2024 година се 140.800 лица со дијабетес, што е 7.4 отсто возрасна стандардизирана преваленца на дијабетес.

– Пропорција на луѓе со недијагностициран дијабетес изнесува 33.5 проценти. Луѓе со недијагностициран дијабетес, во 1.000-ти се 47,2 отсто. Воочлив е падот на дијабетес – новодијагностицирани, како и компликациите од дијабетесот, по воведувањето на примената на секое лице со Т1 и компликации на Т2 во однос на број на лица, како и заштедите во здравствениот систем, додаваат од здружението.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ