asd
ПочетнаВестиНаучниците ја решија најголемата мистерија поврзана со коронавирусот

Научниците ја решија најголемата мистерија поврзана со коронавирусот

Научниците се на пат да ја разрешат една од најголемите мистерии што го следи коронавирусот, а тоа е зошто некои луѓе минуваат само со полесни симптоми, а други потешко.

Студијата работена на заболени од корона покажува дека нашиот имунолошки систем поинаку реагира на оваа болест од вообичаено.

Се покажува дека имунолошкиот систем кај некои пациенти реагира сосема невообичаено, па кога одредени молекули и клетки не може да се изборат со вирусот, телото ги вклучува сите одбранбени механизми што му се на располагање.

Таквата неконтролирана реакција може да ги оштети здравите ткива, пишува „Њујорк тајмс“.

-Видовме само некои сосема чудни работи во разни стадиуми од инфекцијата, вели Акико Ивасаки, имунолог од Универзитетот „Јејл“ и автор на една од новите студии.

На другите вообичаени вируси, како што е грипот, имунолошкиот систем реагира така што директно го напаѓа натрапникот и на тој начин купува време за вистинската реакција на телото.

Тој прв одговор зависи од молекулите што се нарекуваат цитокини, а кои настануваат како одговор на вирусот. Овие микроаларми местото им го отстапуваат на антителата и на Т-клетките, кои се цел на вирусот и клетките што тој ги има нападнато.

Но, овие методи како да паѓаат во вода кај лицата што се заболени од Ковид 19. Имено, цитоконите во одделни случаи не престануваат по првото предупредување да го алармираат организмот, дури и кога антителата и Т-клетките ќе ја преземат својата улога.

Тоа значи дека почетната реакција, односно воспалението поради инфекцијата, не престанува дури и кога повеќе не е потребно.

„Нормално е да се појави воспаление кај вирусните инфекции. Но, проблемот е кога не можете да го сузбиете“, вели Кетрин Блиш, виролог од Универзитетот „Стенфорд“.
Вирусот го измамува имунолошкиот систем

И можеби баш поради таквите невообичаени реакции кај некои пациенти, болеста трае подолго затоа што вирусот е во состојба да го измами нашиот имунолошки одговор. Поради тој аларм, кој не престанува, нашето тело силно реагира и истовремено се напаѓа сам себе.

„Тоа е енигма. Имате силен одговор на имунолошкиот систем, а вирусот сепак се размножува“, вели Авер Огаст, имунолог од Универзитетот „Корнел“.

Експертите наведуваат и дека е можно пациентите со блага слика да реагираат така што телото ќе се бори против вирусот што ги напаѓа клетките, а дека проблемот изгледа е тоа што кај потешко заболените пациенти телото се однесува како да е нападнато од некаков паразит.

Имунолошкиот систем не умее да го пронајде вистинскиот пат до вирусот и да го нетурализира. А таа збрка се пренесува и на Б и Т-клеките, кои треба да соработуваат и да се борат против болеста.

Иако е рано да се каже, се дејствува како коронавирусот да ги спречува Б и Т-клетките да соработуваат. Затоа. експертите сега го споменуваат ресетирањето на имунолошкиот систем, односно терапија што би го вратила балансот во телото и од почеток би ги поврзала Б и Т-клетките.

Но, предизвикот за лекарите е да ја придушат таа непримерна реакција на цитокини на почетокот на инфекцијата, а не сосема да го задушат одговорот на организмот на инфекцијата.

Покрај тоа, да се избере вистинскиот момент за ваквата акција е исклучително важен. Ако пациентот премногу рано го има добиено лекот што ги ублажува реакциите на имунолошкиот систем, тогаш одговорот нема да биде доволно силен.

А ако лекот се добие предоцна, тогаш можеби веќе е направена преголема штета.

Досега третаманите што ги блокираат цитокините одделно не покажале значителни резултати, веројатно затоа што научниците немаат доволно податоци. Од друга страна, стероидите, како што е „дексаметазонот“, се моќно оружје затоа што може да сузбијат повеќе цитокини оддеднаш.

„Дексаметезонот“ не е совршена терапија, се согласуваат експертите и велат дека има недостатоци, но досега се покажало добро кај потешко заболените пациенти.

„Тоа влијае како добра стратегија додека не откриеме повеќе“, заклучува докторката Дона Фарбер, имунолог од Универзитетот „Колумбија“.

ИЗВОРKurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ