На средбата се разговарало и за работната посета на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која, како што се вели во денешното соопштение, треба да има средби на високо ниво.
Зајакнување и проширување на постојната гасоводна инфраструктура, подготовките околу претстојните енергетски проекти и состојбата во акционерските друштва во државна сопственост АД ЕСМ и АД МЕПСО, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претставници на Амбасадата на САД во Скопје.
На средбата, како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на која учествуваале шефот на економскиот сектор Рајан Милер и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата, биле разгледани и можностите за искористување на енергетските потенцијали на Македонија со акцент на обновливите извори на енергија.
-Нови проекти и целосна диверзификација на портфолиото на нашите енергетски компании, консолидација и зајакнување на нивните перформанси се клучни цели кон кои решително тргнуваме во реализација. Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици кои доаѓаат со зелената транзиција, рече Божиновска.
На средбата се разговарало и за работната посета на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која, како што се вели во денешното соопштение, треба да има средби на високо ниво.