Премиерот Христијан Мицкоски пред средбата со Македонско-Германското стопанско здружение изјави дека денеска ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков.
„Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои не понижуваа и газеа. Сега дипломатски се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме политика меѓународна или пак дипломатска со свиткана кичма, тогаш кога ќе се помине црвената линија тогаш треба и да се реагира, затоа што ако не реагирате, тој исклучок понатаму ќе стане пракса. Она што е поважно за мене, Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Бугари во македонскиот устав е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Онојпат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска тој демарш ќе биде врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“, изјави Мицкоски.