ПочетнаВестиДонација од 114.000 евра од Швајцарија за кичевската болница

Донација од 114.000 евра од Швајцарија за кичевската болница

Денес со мала свеченост, на кичевската болница ѝ беше предадена донација на швајцарската хуманитарна организација „Исламик Релијеф“ во износ од 114.000 евра, а се состои од ново болничко возило, нови болнички кревети, аспиратори, монитори и други помагала. Во врачувањето на донацијата посредуваше претседателот на хуманитарната организација „Класје на добрината“ за Кичево, Мухамед Мехмеди.
– Денес на кичевската Општа болница и Здравствениот дом им ја предадовме донацијата од секаков вид болнички помагала обезбедена од швајцарската хуманитарна организација „Исламик Релијеф“ во износ од 114.000 евра. Донацијата се состои од 80 кревети со душеци, перници, чаршафи, потоа 13 детски кревети, исто така комплет опремени, четири комплета најсовремени монитори, аспиратори, инхалатори и најважниот дел од оваа помош е секако ново амбулантно возило марка „Цитроен“ со целокупна опрема, за пружање помош на пациенти кога се на пат. Се надеваме дека оваа помош во значителна мерка ќе и помогне на нашата болница а пациентите да се чувствуваат многу поудобно и во европски услови – истакна Мухамед Мехмеди, претседател на огранокот на хумнитарната организација „Класје на добрината“ од Кичево.

Вработените во болницата и здравствениот дом се многу задоволни од оваа донација, која ќе придонесе за побрза и поцелосна дијагностика, брзо реагирање на терен и покомфорно сместување на болните во одделенијата.

– Оваа донација е добредојдена за нашата болница, сите донирани помагала се нови, а современата апаратура ќе помигне за побрза и поцелосна дијагностика на нашите пациенти – истакна д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом во Кичево.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ