ПочетнаМагазинЗдравјеБоровинките треба почесто да се користат во исхраната

Боровинките треба почесто да се користат во исхраната

Боровница — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.

Со редовното консумирање боровинки мажите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Боровинките се богати и со растителни влакна и протеини.

Хранливите состојки го намалуваат ризикот од неуродегенеративни болести, болести на срцето и рак. Токму затоа се препорачува да ги јадете секој ден и тоа најмалку колку што збира во една дланка.

Боровинките обилуваат со антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот со неутрализација на делувањето на слободните радикали. Со тоа се намалува штетноста на токсините кои влегуваат во организмот. Исто така, го штитат уринарниот тракт од инфекции, го прочистуваат и спречуваат влез на бактерии.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ