ПочетнаВестиМакедонија„Филипче и Заев 7 години ги лажеа и манипулираа граѓаните со истите...

„Филипче и Заев 7 години ги лажеа и манипулираа граѓаните со истите ветувања што ги нарекуваат програма – уште нема бесплатно болничко лекување, 100 000 денари плата за специјалисти и нема нов Клинички центар“

Филипче со СДС и ДУИ бесрамно по 7 години промовираат проекти кои и досега беа дадени како ветувања во Планот за живот и имале апсолутна власт и можност истите ветувања да ги реализираат. За жал, најголем процент од околу 80 отсто се нереализирани ветувања во ресорот здравство за што најодговорен е токму Филипчемкој освен лаги во пракса зад себе остави руиниран здравствен систем, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Петте министри за здравствонод кои токму Филипче е министер со најдолг мандат е директно одговорен за неработата, отсуство на суштински реформи, уназадување на здравството за неколку децении наназад и голиот пиар,без конкретни подобрувања.

Ова се само дел од ветувањата за кои тој лично е одговорен за нивното неисполнување:

1. Неизградбата на клинички центар, ветување дадено во Планот за живот – не само што нема клинички имаме побарување за наплата од 20 милиони евра, отштета за неградба на ллинички центар.

2. Специјалистите и денес не ја добиваат ветената плата од 100 000 денари, но истиот Филипче оди понатаму со лагите за веќе да ветува манипулативно и предизборно нови покачувања на платите.

Истиот тој Филипче дава ветување за плати на медицинските сестри кои по 7 години од неговото и владеењето на неговата партија ги остави со минимална плата.

3.Денес не е реализирано ниту ветувањето за капитационен бод од 90 денари за матичните,како и ветувањето за капитационен бод од 70 денари за стоматолозите.

4.Нема бесплатно болничко лекување за сите граѓани како што ветија во Планот за живот,но по 7 години ветува укинување на 20% од партиципацијата.

5.Не е реализирано ниту ветувањето за стимулативни мерки за млади доктори во рурални средини.

6.Нема фонд за финансирање на лекување во странство

7. Нема изградба на Клинички центар во Битола

8.Нема Детска општа болница со Ургентен центар во Скопје.

9. Нема укинување на економските директори.

10. Нема спојување на клиниките во еден Клинички центар како што ветуваа пред да дојдат на власт.

Ова се само еден дел од дадените ветувања од Програмата за живот кои не се реализирани што покажува колку лесно Филипче и неговата партија даваат ветувања кои не ги исполнуваат, а истовремено потценувајќи го народот кој многу добро памети што се се ветувало во Планот за живот и каков е денес крајот на истиот тој “живот”.

Денес во пракса имаме сомнителни набавки во здравството со еден понудувач, непотизам, вработувања на семејни лози, партизирани вработувања.

Иако, претходно дадените ветувања не се исполнети, сепак Филипче се обидува на мала врата повторно да протне дел од нив, а дел и да ги надгради, без никаква сериозна анализа, план или стратегија.

На граѓаните им е јасно дека овие листови со желботеки се чисто предизборно и манипулативно најавени, а потврда за недовербата е и резулатот од анкетите кои го покажуваат гласот на народот.

ВМРО-ДПМНЕ нуди конкрерни мерки кои се реални и во чиј центар ќе бидат пациентите, а ќе го унапредиме и статусот на здравствените работници.

Знаењето и квалитетот за нас ќе бидат врвен императив врз основа на што ќе се водиме при реализација на мерките за рестартирање на здравствениот систем во идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ