ПочетнаВестиГрција останува затворена за македонските туристи

Грција останува затворена за македонските туристи

Грчката влада донесе нов сет на мерки со кои се заоструваат правилата за влез во државата. Рампите, барем до крајoт на овој месец, остануваат спуштени за македонските државјани. Според новите мерки, од 17 август се воведува задолжителен негативен ПЦР тест не постар 72 часа направен во земјата на потекло за сите туристи, но и за грачките државјани кои се враќаат дома. Од денеска со одлука на Владата во Атина се скратува и работно време на угостителските објекти на голем број на острови, познати туристички дестинации

Грција останува затворена за македонските државјани барем до крајот на овој месец. Грчката Влада вчера донесе нов сет на мерки за заштита и спречување на ширењето на болеста според кои се заоструваат правила за влез во државата за грчките државјани, а границите остануваат затворени до 15 август за туристите без разлика дали станува збор за државјани на Европската унија или не ако не се на списокот на безбедни држави кој го објави Советот на ЕУ.

НОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО МЕРКИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ОД 17 АВГУСТ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ НЕ ПОСТАР ОД 72 ЧАСА ЗА СИТЕ ТУРИСТИ, ОД ЛИСТАТА НА БЕЗБЕДНИ ДРЖАВИ, КОИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ СО ЛЕТОВИ ОД ШВЕДСКА, ЧЕШКА, БЕЛГИЈА, ШПАНИЈА И ХОЛАНДИЈА ИЛИ ПАК ЌЕ ДОЈДАТ ДИРЕКТНО НА НЕКОЈА ОД КОПНЕНИТЕ ГРАНИЦИ.

Од 17 август задолжителен ПЦР тест направан во државата во која престојувале ќе мора да имаат и грчките државјани кои се враќаат назад како и странските државјани кои имаат дозвола за престој во Грција.

Проткот на патници ќе се ограничи и на граничниот премин „Какавиас“ со Албанија каде дневно ќе биде дозволен влез на намногу 750 лица, а тоа се должи фактот што голем број на албански државјани имаат двојно државјанство.

СПОРЕД НОВИТЕ МЕРКИ НА ОФИЦИЈАЛНА АТИНА, ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ РАМПИТЕ ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ, СЕ ДОДЕКА НЕ ГРЧКАТА ВЛАДА НЕ ДОНЕСЕ ИНТЕРЕН АКТ ИЛИ ПАК СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗАКЛУЧИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БЕЗБЕДНА ДРЖАВА. ЕДИНСТВЕНО ВО ГРЦИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ КОИ ИМААТ НЕОПХОДНА ПРИЧИНА ЗА ПАТУВАЊЕ ИЛИ ПАК ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ.

Денеска пак грчката Влада воведе дополнителни рестрикции со кои до полноќ се ограничува работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите и ноќните клубови во повеќе региони но и на островите Крит, Крф, Миконос, Закинтос, Санторини и уште неколку други.

Според официјалните инфромации на грчките власти оваа забрана може да се прошири и во други делови од државата доколку болеста продолжи да се шири.

ИЗВОРСкопје 24

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ