ПочетнаВестиМакедонијаХаос на вакциналните пунктови низ Скопје: Граѓани, чекајќи извисија и не добија...

Хаос на вакциналните пунктови низ Скопје: Граѓани, чекајќи извисија и не добија вакцина против Ковид-19

Хаос денеска настана на вакциналните пунктови низ Скопје. Граѓани со закажан термин чекаат цел ден на ред на закажан термин, за да попладнево не добијат воопшто вакцинапротив коронавирус, објави телевизија Сител.

-Граѓани со закажани термини во поликлиниката Јане Сандански во Аеродром и во поликлиниката во Букурешт со часови чекале да добијат вакцина, а некои и вопшто не успеале да ја добијат истата на закажаниот термин, поради што им било кажано од лицата претпоставени да одат во салата Борис Трајковски затоа што ситуацијата таму била порастеретена. Ваквиот сплет на околности и лошата организација предизвика вистински револт кај граѓаните кои што се принудени да седат во гужва, еден до друг па дури и велат дека иако доаѓаат на вакцина, можат да се заразат со коронавирус, објави Сител телевизија.

Од поликлиниките велат дека до ова дошло откако граѓаните кои што треба да добијат ревакцинајција биле препраќани на овие вакцинални пунктови и затоа дошло до наплив на повеќе граѓани, поради и што настанал овој хаос.

Прашањето кое да се постави е, дали причината за ваквиот создаден хаос е токму недоволниот број на на вакцини против корона со кои што во моментов располага Република Македонија? Одговорот за некого е јасен, а никој од надлежните од МЗ не сака да одговори „колку вакцини до овој момент се пристигнати во Македонија?“.

Курир се интересираше и испрати прашање до Министерството за здравство уште пред неколку дена, за тоа колкав е бројот на пристигнати вакцини во Македонија, но засега одговор од надлежното министерство со кое раководи Венко Филипче, нема.

Инаку, како за потсетување уште на почетокот на април најавено беше дека на 28 април во земјата треба да пристигнат 200 илјади дози од кинеската „Синофарм“, а за да вчера министерот Филипче најави нов датум, односно накај 30-ти април, па останува да се види дали истите ќе пристигнат кон крајот на месецот.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ