asd
ПочетнаВестиКај Крмзов кој е близок до Заеви, пронајдени дијаманти: Сомнеж за проневера...

Кај Крмзов кој е близок до Заеви, пронајдени дијаманти: Сомнеж за проневера од повеќе десетици милиони евра

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов.

Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.

Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш парични средства.

Инаку пред 4 години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.

„Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата“, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Денес надлежните институции се очекува да изнесат повеќе информации.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ