asd
ПочетнаВестиКавадарчани ограбени додека береле грозје

Кавадарчани ограбени додека береле грозје

Кавадарчани биле ограбени додека го береле грозјето, непознати крадци им одзеле 7,5 илјади денари од тракторот кој бил паркиран на меѓата. Во изјава за МИА, сопственичката на лозјето упати предупредување до сите лозари за време на гроздоберот кој е во тек, да внимаваат, затоа што крадци оперираат низ лозовите плантажи.

-На лозјето бевме ние домашните и неколку аргати, ама наши луѓе. Беревме сите заедно, без да се оддалечуваме едни од други. Редовите се долги 120 метри. Затоа претпоставуваме дека некој не демнел за цело време и додека сме биле на горниот крај, оддалечени од тракторот, успеал да ги одземе парите од новчаникот на сопругот и целиот новчаник сосе пари од синот. Сите алишта таму кај тракторот беа размавани, крадецот направил неред барајќи пари. Два телефона беа таму оставени, тие не беа украдени. Уште ова ли ни требаше, покрај мачната работа и ниските откупни цени за килограм грозје кои ги нудат некои од откупувачите, нагласи кавадарчанката.

Од СВР Велес рекоа за МИА дека последните две недели нема пријавено кражби на поричници од берачите на грозје во кавадаречко. Оттаму нагласија дека понекогаш жртвите на вакви и слични кражби одлучуваат да не пријават во полиција, затоа што гонењето е по приватна тужба. Притоа потврдија дека во изминатите години, тиквешани за време на гроздобер, се имаат соочувано со кражби изразени преку берење туѓо грозје, но и такви кога се има украдено дури и веќе набрано грозје во вреќи, од нечие туѓо лозје.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ