asd
ПочетнаВестиТрипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не...

Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи согласно договорените цени

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат беше на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, каде лично се увери со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година.

-Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат, изјави министерот.

Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.

-Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп“, појасни Трипуновски.

„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката“, изјави тој.

Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ