ПочетнаМагазинЗабаваШТО Е СРОДНА ДУША? 

ШТО Е СРОДНА ДУША? 

Сродна душа не е некој кој те прави комплетна личност. Не, сродна душа е некој кој те инспирира да станеш комплетна личност сама по себе.
Сродната душа е некој кој не те суди поради твоите недостатоци. Сродна душа е некој кој ги гледа твоите остри ивици, некој кој ги гледа сите ранливи делови од тебе на кои им е потребна грижа, кој ги гледа сите војни кои ги водиш во себе и кој одбира да остане покрај тбее.
Сродна душа е некој кој гледа како му се спротивставуваш на своите лузни и секогаш те охрабрува да зацелиш и е секогаш на твојата страна.

Сродна душа е некој кој те предизвикува да се предизвикаш себеси. Некој кој го гледа твојот потенцијал и ги знае твоите способности. Ти помага да ги отвориш своите очи и да ја сфатиш својата моќ и вредност. Таа те гледа на сите начини на кои не можеш да се видиш себеси.

Сродната душа е некој кој не се плаши од твоето растење. Таа не се плаши од твојот успех, таа те штити и да охрабрува. Сродната душа никогаш нема да го засени твојот сјај, таа се гордее со тебе затоа што тоа е она кое отсекогаш сметала дека го заслужуваш.

Сродната душа не е некој кој те пополнува, туку те инспирира да станеш исполнет самиот со себеси. Некој кој не посакува ништо друго освен твојата среќа. Сродна душа е онаа која те сака толку силно што е невозможно да се посомнева во тебе. Сродна душа е оној кој верува во тебе дури и кога ти не веруваш во себе.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ