asd
ПочетнаВестиЌе се исплаќаат неисплатените субвенции за земјоделците, во ребалансот предвидена една милијарда...

Ќе се исплаќаат неисплатените субвенции за земјоделците, во ребалансот предвидена една милијарда денари за таа намена

Со ребалансот на буџетот веќе е предвидена една милијарда денари за исплата на неисплатените субвенции за земјоделците од оние 3,2 милијарди денари заостанати долгови кон нив, а исплата на голем дел од старите долгови ќе биде предвидена со буџетот за следната година покрај тековната исплата на субвенциите, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Сето она кое што им се должи ќе биде исплатено и тука нема само Македонци или само Албанци, туку има и Македонци, и Албанци, и Срби, и Турци, и Власи, и Роми, и Бошњаци, … Сите земјоделци без разлика на етничката, верска, политичка припадност или неприпадност ќе добијат она што го заработиле со макотрпна работа на полињата и тоа ќе биде наш приоритет, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешното пуштање во употреба на Спортско рекреативниот центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во општина Бутел, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Приоритет на Владата, како што кажа, ќе бидат граѓаните.

-Нема да бидат приоритет задоволување на страстите на овие корумпирани политички елити коишто сакаат да испровоцираат нестабилност и инциденти. Наш приоритет ќе бидат граѓаните, порача Мицкоски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ