ПочетнаМагазинХранаКолач со јаболка и ореви

Колач со јаболка и ореви

Состојки:
100 г омекнат путер
100 г шеќер
100 г кафеав шеќер
2 јајца
1/4 лажиче екстракт од ванила
150 г брашно
1 лажица прашок за печиво
1/4 лажиче сол
2 излупени и сечкани јаболка
50 г сечкани ореви

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, па обложете калап за печење со хартија за печење (најдобро е да земете калап за торта со пречник од 22 см).
Во голем сад изматете омекнат путер и шеќер со електричен миксер на средна брзина додека стане лесен и воздушест.
Матете ги јајцата едно по едно, па додајте ванила, брашно, прашок за печиво, цимет и сол.
Додајте сечкани јаболка и ореви.
Смесата префрлете ја во калап за печење.
Печете 40-45 минути или додека чепкалата боцната во средина на колачот излезе чиста.
Оставете го да се лади 10-15 минути, а потоа топлиот колач исечете го на парчиња и послужете го.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ