asd
ПочетнаВести„Колку Владата повеќе го игнорира народот, толку протестите се помасовни- затоа и...

„Колку Владата повеќе го игнорира народот, толку протестите се помасовни- затоа и денес во 19 часот граѓаните ќе речат Ултиматум, Не благодарам“

Како што расте отпорот на народот за асимилаторскиот Предлог, така расте нервозата кај власта. Се обидуваат на секој можен начин да го спречат народот масовно, достоинствено и гласно да каже НЕ, преку инфилтирање провокатори, преку сценирање етнички тензии или преку директни закани и пријави. Но, народот не им се плаши. Колку повеќе го притискаат, толку народот помотивирано и погласно излегува на масовните протести, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот, интелектуалците и експертите гледаат дека овој предлог е лош. Со него на Македонија и се даваат две опции или бесконечно да преговара или да се асимилира. Протоколот кој власта го крие, а кој странски медиуми го објавуваат, содржи конкретни обврски за Македонија со кои се обврзуваме да менуваме учебници, да менуваме историски факти за ликови и настани, да менуваме Устав и слични диктати кои се крајно понижувачки, велат од партијата и додаваат:

„Граѓаните гледаат дека власта ќе се обиде ваквото понижување и Ултиматум да го покријат со театар во Собранието кој апсолутно ништо нема да значи. Владата е таа која треба да се вразуми и да го послуша народот кој има јасен став НЕ за ултиматуми и диктати.

Колку Ковачевски и владата се поглуви на народните барања, толку помасовни ќе бидат и протестите. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува масовните, мирни и достоинствена сенародни протести и затоа ги повикува граѓаните и денес во 19 часот да се приклучат на протестот пред Владата и уште посилно да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ!“.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ