asd
ПочетнаВестиМакедонијаКовачки: Оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови...

Ковачки: Оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви, мнозинството да даде поддршка на законските измени

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието донесе заклучок да се преземат сите неопходни мерки, да се поминат сите собраниски филтри со кои се предвидува оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки..

-Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот.

Апелираме да се тргнат настрана партиските игри, претседателот на Собранието да свика седница веднаш, а пратениците од мнозинството да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнеме оризопроизводителите токму на почетокот на активностите за сеидба на оризот, рече Ковачки.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ