ПочетнаВестиМицевски: Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната...

Мицевски: Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години, бараме под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол

Сакам да највам како координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ дека на денешната координација свикана од Претседателот на Собранието Талат Џафери ние ќе присуствуваме со една единствена цел, а тоа е да ги повториме ставовите и барањата на нашата пратеничка група. Иако испративме писмо до Талат Џафери , за кое ја известивме и јавноста, сеуште намаме никаков одговор за нашите барања и токму затоа денес истите барања ќе му ги соопштам лично на Џафери, истакна денеска за медиумите, Никола Мицевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, бараат да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ.

– Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник. Денес повторно ќе побарам овој лист хартија со допис, да се врати во Владата и да се потенцира дека за меѓувладината конференција одлучува Владата и истата да не се крие зад пратениците барајќи некаква одлука од Собранието. Дополнително, бараме под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол, кој што претставува најважен документ во овој процес и кој што е клучен документ врз кој ќе се договараат правилата на игра помеѓу двете земји во наредниот период.
Ако пратениците од владиното мнозинство се спремни на вакво понижување ние од опозицијата не сме и затоа бараме да бидат доставени сите документи согласно собраниско- деловничката процедура. Исто така, Собранието мора да биде спремно да ги слушне и реакциите на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и сите други засегнати страни и да организира дебата и разгледување на овој предлог. Мора да се даде време и на работните групи кои се формираа во Собранието, да ги разгледаат сите документи кои ги има Владата, но и сите можни предлози со цел овој процес да го направиме што е можно потранспарентен, појасни Мицевски.

Тој додаде дека ваквото брзање може само да не доведе до слепа улица од која враќање назад нема.

– На крај сакам да додадам дека доколку Џафери и парламетарното мнозинство ги заобиколат и изиграат собраниските процедури, одоговорноста за ситуацијата во која ќе се најде државата ќе биде на Талат Џафери, Владата и пратениците од парламентарното мнозинство, дециден е пратеникот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ