asd
ПочетнаВестиМакедонијаМицкоски: Уставни измени нема да има додека нема јасен европски пат за...

Мицкоски: Уставни измени нема да има додека нема јасен европски пат за Македонија и додека Бугарија не се откаже од хегемонистичките политики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешната лидерска средба одговарајќи на новинарско прашање истакна дека уставни измени нема да има се додека не постои јасен европски пат за Македонија и додека Бугарија не се откаже од хегемонистичките политики.

– Јас не се шегувам со тоа што го кажувам како наша позиција, бидејќи вчера политичар на заминување имаше интервју на на циоинален медиум и кажа дека е сигурен и тврди дека ќе има уставни измени сега или за 6 месеци. Еве јас ќе ви кажам дека уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат и додека не видиме јасно поместување на хегемонистичките и асимилаторски политики на нашиот источен сосед кон македонската заедница во Бугарија, рече Мицкоски.

Мицкоски исто така потенцираше дека за неколку месеци од денеска многумина политичари ќе бидат минато меѓу кои и тој кој тврдеше дека ќе има уставни измени, и појасни дека техничката влада не предмет на лидерската средба, а не се ни уставни измени.

Предмет на оваа средба е датум за парламентарните и претседателските избори, рече Мицкоски.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ