asd
ПочетнаВестиМицкоски: Во Неготино започна изградбата на нов градски пазар, инвестиција вредна над...

Мицкоски: Во Неготино започна изградбата на нов градски пазар, инвестиција вредна над 24 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Неготино, каде почнува изградбата на градскиот пазар.

-Едно преубаво издание, инвестиција вредна повеќе од 24 милиони денари пари кои што се финансирани од буџетот на Општина Неготино. Набрзо од денеска преку Министерството за локална самоуправа ќе објавиме повик до општините, да поднесат проекти кои што ќе бидат финансирани од централниот буџет. Тоа што го добив како информација од градоначалникот веќе имаме некои такви проекти кои што се во фаза на одобрение за градба, значи веднаш може да се отпочне со процес на тендерирање и процес на реализација на тие проекти. И тоа е добро. Добро е кога се гради, добро е да си ја развиваме државата затоа што тоа го очекуваат граѓаните од нас, тоа го ветувавме, за тоа и се залагавме дека ние чуда не можеме да ветуваме, ниту да се обврземе, чуда се невозможни, тие кои ветуваа чуда се лажговци, истакна тој.

Мицкоски посочи дека со напорна работа ќе продолжат и понатаму.

-Ние ветувавме многу работа, чесна работа, посветена работа, напорна работа и тоа го правиме во овие први 50 дена од оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, така и ќе продолжиме понатаму. Важно е дека полека но сигурно надежта се враќа, оптимизмот се враќа и тоа е она кое што е наша задача и наша цел како Влада, истакна тој.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ