asd
ПочетнаВестиМилиони деца во Италија се враќаат во училиштата

Милиони деца во Италија се враќаат во училиштата

Утринското ѕвонче пред два дена го означи првиот влез во училницата за милиони италијански деца кои од 21 февруари годинава, повеќе од шест месеци беа затворени за да се спречи пандемијата на коронавирусот.
Иако некои италијански училишта беа отворени на почетокот на овој месец, околу 5,6 милиони ученици од вкупно 8 милиони се вратија на училиште во понеделникот, соочувајќи се со новата реалност на ограничувањата, пренесува „Дејли Сабах“.

Имено Италија беше една од првите во Европа погодена од пандемијата, која сега официјално уби над 35.500 луѓе од вкупно 280.000 случаи, а бележеше и по 1.300 нови случаи дневно.
Премиерот на Италија Џузепе Конте во неделата призна дека италијанските училишта се соочуваат со навистина тешка ситуација, вклучувајќи недостаток на наставници, клупи со едно седиште и хируршки маски.

-Ќе има потешкотии и недоследности, особено на почетокот, напиша Конте на Фејсбук.
Тој исто така ги поздрави наставниците и им упати благодарност, па рече дека „направиле извонреден напор во месеците кога училиштата беа затворени за да продолжат со лекциите и учењето на далечина“.
Италијанската министерка за образование Луција Ацолина рече дека се создадени повеќе од 5.000 дополнителни училници за да им се овозможи на учениците повеќе простор.

Но, одреден дел од некои јужни региони во Италија како Пулиа и Калабрија веќе го одложија повторното отворање на училиштата до 24 септември, поради загриженоста дека не се подготвени да ги исполнат сите нови барања.

Италијански официјални лица изјавија дека стратегијата „враќање на училиште“ вклучува непосреден карантин на оние „кои се во близок контакт“ со ученик или наставник кој има позитивен тест.
Враќањето на учениците во училиштата во Италија сега е овозможено само после позитивен тест за Ковид-19. Поточно на учениците им е дозволено да се вратат на училиште само по два негативни резултати, извршени последователно еден по друг.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ