Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 25-годишниот А.З. од Скопје физички нападнал полициски службеник, откако бил приведен поради сторен прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
По целосно документирање на случајот против А.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок.