asd
ПочетнаМагазинХранаНе ги правете овие грешки кога приготвувате компир

Не ги правете овие грешки кога приготвувате компир

Варениот компир се смета за полесно јадење и има само 75 калории. Може да се приготви како пире, а може да биде дел од многу други јадења и салати.

Но многу домаќинки несвесно прават одредени грешки, поради кои варениот компир не им излегува како што треба.

Го лупите компирот жив
Многу домаќинки имаат навика најпрво да го излупат компирот пред да го сварат. Но тоа е голема грешка. Компирот најдобро е да се вари со кора, бидејќи така поедноставно ќе се отстрани, а експертите тврдат дека и компирот ќе биде повкусен.

Го варите во зовриена вода

Многу жени го ставаат компирот во зовриена вода, а не им ни паѓа на памет дека така ќе остане жив однатре. Па затоа, најдобра варијанта е да го ставите компирот во ладна вода, па кога ќе зоврие да ја намалите температурата и да го варите 20 минути.

Проверувате дали е готов со помош на виљушка
Многу луѓе имаат обичај да го боцнат компирот со виљушка за време на готвењето за да проверат дали е доволно мек. Но тогаш тој почнува да се распаѓа, што никако не е добро.

Имајте на ум дека компирот треба да се вари најмалку 10 минути. На помал компир ќе му требаат 15 минути да се свари, додека временскиот интервал за поголем компир е 20 минути.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ