asd
ПочетнаВестиМицкоски: Нередот во процесот на издавање на патните исправи и личните документи...

Мицкоски: Нередот во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола, оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните

Можам, исто така, со задоволство да кажам дека нередот кој што беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните исправи и другите лични документи, изјави преmиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Од информациите коишто ги добивам од Министерството за внатрешни работи, некаде околу 1.740.000 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440.000 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи, информираше Мицкоски.

Тој, исто така, предупреди дека рокот за возачките дозволи е до крајот на годината и додаде:

-Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани и сега веќе сé е во рамките на оние законски предвидени 15 дена. Тоа е уште еден доказ дека не се сите исти и дека принципот на раководење како до сега е во минатото и дека оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните“.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ