asd
ПочетнаВестиВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски додека бил министер потрошил скоро милион денари за по...

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски додека бил министер потрошил скоро милион денари за по кафани – телешки мускул, чаден лосос и скапи вина

Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби. Љупчо Дон Николовски за помалку од четири години колку што бил министер за земјоделие потрошил 976.199 денари или скоро милион денари за во кафеани и ресторани, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Или милион евра поделени на 42 месеци колку што бил министер се 24 илјади денари, односно значи дека месечно трошел околу 24 илјади денари за ресторани. Или една плата со која живее семејство. Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари или скоро 500 илјади денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година 377.700 денари или скоро 400 илјади денари. Дон Николовски јадел телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а пиел и скапи вина или шише од по 3.500 денари, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека расипничкото однесување е карактеристика за функционерите од СДС.

Партијата најави дека ќе продолжи со објавување детали за расфрлањето со народните пари од страна на Дон Николовски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ