asd
ПочетнаВестиНиколоски: Стравот кај двата оператори од трет оператор е поради тоа што...

Николоски: Стравот кај двата оператори од трет оператор е поради тоа што цените драстично ќе се намалат, а парите ќе останат кај граѓаните

Во однос на тоа дали ќе е трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори е стратешка одлука која треба да ја донесеме во следниот период. Факт е дека во моментов има дуопол кој е помеѓу постојните два оператори, пазарот е идеално поделен 51 и 49 помеѓу првиот и вториот оператор. Цените на услугите не само што не се намалуваат туку се зголемуваат, истакна министерот за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Општина Кавадарци.

Министерот Николоски истакна дека нема никаков натпревар нити во делот на подобри услуги нити во делот на поевтини цени за граѓаните, како и за тоа дека се соочува секој ден со проблеми затоа што има дуопол.

„Еве вие сте тука претставници на медиумите, дали познавате друга држава во Европа каде граѓаните плаќаат за кабелска телевизија, а дел од тој надоместок кој граѓаните го плаќаат не се исплаќа на оние кои ги гледаат на кабелска телевизија односно на телевизиите кои се емитуваат преку кабелска телевизија. Тоа го има само во Македонија како што само во Македонија има да телевизиите плаќаат за т.н. дигитализација на еден од овие два оператори а вториот воопшто да не нуди таква услуга што мислам дека е најдобар доказ за договорите кои ги прават помеѓу себе“, посочи Николоски.

Министерот Николоски потенцираше дека граѓаните страдаат и затоа ова мора да се реши на начин што граѓаните ќе добијат поголем квалитет на услуги за помалце пари.

Министерот Николоски заклучи дека стравот кај овие два оператори е дека цените драстично ќе се намалат и нема да можат да прават десетици милиони евра профит секоја година, тие пари ќе останат кај граѓаните, тоа е разликата, потенцираше министерот Николоски.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ